Груби: Цел сум на лажни вести и пропаганда
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Цел сум на лажни вести и пропаганда, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска на прес - конференција за пишувањата дека имало инцидент меѓу него и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Вели дека целта е да се создаде раздор во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, и тврди дека одлично функционираат.
Објасни дека Насер Зибери ќе биде дел од интелектуалците кои ќе помогнат на новото министерство, и смета дека тој може да даде голем придонес.
Додаде дека за 1.300 вработени треба да се изврши систематизација.
ДУИ ќе добие 5 државни секретари и 5 заменици министри, за што кажа дека деновиве ќе има конкретни имиња. Ќе има ротации, односно за поголема ефикасност и освежување сега пошти и ПИОМ ќе припаднат на коалициониот партнер.