Груби и Ангелов на лице место ја следат ситуацијата со пожарите во Кумановско
Објавено во: Македонија 05 Август, 2021
Првиот Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби попладнево го посети кумановскиот регион за да ја следи ситуацијата со пожарите.
„Правиме максимални напори да им помогнеме на граѓаните, пожарникарите,
војниците и полицијата на сите места каде што има активни пожари. Заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска бевме во Довезенце, Кумановско и бевме сведоци на надчовечките напори на жителите и пожарникарите да го изгаснат пожарот. Претходно, на денешните две седници на Владата, донесовме важни одлуки за управување со ситуацијата со овие катастрофи, вклучително и прогласување кризна состојба. Максималните капацитети на сите наши институции се ставени на располагање за справување со пожарите. Ги замолувам граѓаните да бидат многу внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите“, соопшти Груби.
На територија на земјава има повеќе жаришта. Критично е во околината на Пехчево и Делчево.