26 Април, 2024
0.0288

Груевски не се плаши од заканите на Фетаи, си тера по старо

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Иако специјалната обвинителка Фатиме Фетаи пред точно два месеци на рочиштето за „Насилство во Центар“ побара Никола Груевски да биде приведен ако не доажа на време, поранешниот премиер и на денешното судење за истиот случај задоцни 15 минути.
По овој потег на обвинетиот за случајот со „нарачките на шамари“ Фетаи повторно не остана рамнодушна и побара Груевски да биде приведен и донесен со полиција на следното рочиште, доколку продолжо да тера по старо.
Инаку рочиштето за предметот ,,Насилство” и денеска се одложи, а причина за тоа е што обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата. На судењето требаше да сведочи експретседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, но и тој не се појави на судењето. 

Фетаи на 13 јули побара да биде приведен Груевски бидејќи постојано доцни на  рочиштата.

-Според член 380 став 3 од Законот за кривична постапка, треба да биде приведен, ова не е во ред. Вас не ве почитува чесен суде, не нас обвинителите. Пратете полиција по него, поминаа 20 минути како го чекаме сите овде седнати во судницава – се пожалија тогаш Фетаи и вториот обвинител Гаврил Бубевски.

По ова, Груевски влезе во судницата, по што доби опомена од судијата Душан Јосифов дека пречесто доцни.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“