Груевски: Оценката на ФДИ е уште едно признание и валоризација на трудот и политиките што ги води Владата
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2014
Според оценката на угледниот ФДИ магазин на Фајненшл Тајмс се оценува дека Македонија има одлична бизнис клима и дека нашата Република стои подобро од речиси сите земји од опкружување.
Рангирањето на ФДИ на зоната во Скопје како најдобра во Европа е уште едно признание и валоризација на трудот и политиките што ги води Владата според премиерот Никола Груевски, .
-ФДИ изврши рангирање на зоните и зоната во Скопје ја прогласи за прва, за најдобра зона во Европа. Тоа е уште едно признание, валоризација на нашиот труд и за политиките кои ги водиме. ФДИ има повеќе критериуми по кои што тоа го прави. Тие изразија и високи оценки за начинот на кој земјата работи да привлече инвеститори, но и за успехот во тоа. Можам да кажам дека сум задоволен што целиот наш труд во минатото е валоризиран и од ФДИ, кој е исклучително значаен магазин, еден од најзанчајните во оваа област. Покажува дека чекорите, напорите кои Владата ги прави за привлекување инвестиции се вистински и сме на прав пат во тој дел, изјави премиерот Груевски.