Груевски предизборно: Пензионерите во декември ќе добијат 670 денари повеќе
Пензионерите пред избори ќе добијат покачување од 5% на својата пензија, односно 670 денари
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016
Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, најави денеска ново покачување на пензиите. Ноемвриската пензија, која пензионерите треба да ја добијат на почетокот на декемеври, ќе биде повисока за 670 денари, односно за 5%.
Политичката криза, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, влијаеше негативно врз економијата, но сепак Владата во изминатите две години преземаше многу чекори за да се пресретнат негативните ефекти од политичката криза и колку што е можно повеќе да се ублажат, намалат или минимизираат.
Инаку Светската банка пред неколку дена алармираше дека македонскиот пензиски фонд е во опасност. СБ во извештајот за економскиот развој на Македонија посочи дека тоа е поради новите вработувања со последните владини мерки.