Груевски со партиска делегација во посета на САД
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
Екс премиерот Никола Груевски придружуван од сопартијците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев е во работна посета на Соединетите Американски Држави.
Според соопштението од кабинетот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски се сретнал со конгресмени, сенатори и луѓе од јавниот и политичкиот живот на САД.
Тема на средбите била актуелната политичка состојба, состојбата со мигрантите како и стратешката определба на државата за членство во НАТО.
Груевски ги истакнал приоритетите на Македонија кои се во насока на целосно интегрирање на државата во НАТО алијансата.
Првиот човек на владеачката гарнитура рекол и дека се среќава со овие луѓе поради обезбедување на подобри позиции за Македонија, но и за зајакнување на реалациите помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.