06 Мај, 2024
0.0274

Груевски: Зборот не вреди ништо без делата

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Особено е задоволството што соработката со германската фондација Конрад Аденауер преминува во едно традиционално пријателство. Отвореноста на фондацијата да помогне и да се соработува во проекти кој се корисни за јакнење на капацитетите и функционалноста на демократијата што е нужна за напредокот на едно општество преставуа капитал кој ни е корисен во функционирањето на нашата партија, изјави Груевски

Груевски напомена дека токму првиот допир со демократијата и првиот впечаток се гради токму на локално ниво, преку функционирањето на локалната самоуправа.

-Токму со локалната самоуправа, со нејзиното функционирање, со изборите се наоѓаме во период каде демократскиот капацитет на институциите ќе бидат ставени на тест. Пред нас се локалните избори на кој народот ќе одлучи кој може подобро да се грижи за неговите интереси, и да понуди решенија за секојдневните проблеми, изјави Груевски.

Тој кажа дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, покажа дека умее и знае да работи.

-Ако со еден збор би се опишало нашето дејствување, тоа е работа. Работа која донесе многу решенија за граѓаните, за нивните проблеми, нивните очекувања, нови патишта, водоводи и канализациии, нови улилишта и градинки, нови паркови, спортски игралишта и сали, нови стандарди во секој поглед и во секое поле. Секако има и работи кои можеле да се направат подобро, но важно е што секогаш се работеше максимум за доброто на граѓаните, изјави Груевски.

Тој порача декa овие локални избори не се само обични избори, затоа што сега се наоѓаме на раскрсница каде со одлуката на пенкалото се очекува да се избере патот по кој ќе се движи државата во иднина, а изборот иако е очигледен, одлуката е важна и клучна.

-Потребно на Македонија и е нова визија, кое ќе ја разбуди економијата која замира, ќе обезбеди еднакви шанси за работа, ќе го сопре падот на стандардот, ќе донесе подобра иднина за сите нас. Во изминатиот период од 100 дена имаме длабоко скршнување од патот кој значеше сигурна Македонија, имаме пад на индустриското производство, и вчера беше регистриран најнов пад и на прометот во индустријата, изјави Груевски.

Тој кажа дека ова покажува дека носечките индустрии во државата забавуваат, а тоа се одразува во реалниот сектор. Напомена и дека има најави на компании кои сакаат да си заминат од државата.

-Просечните плати паѓаат, а извозот се намалува, 52 милиони евра помалку се извезувало во јули, во споредба со јуни што е пад од 12 осто. За сметка на тоа имаме непочитување на базичните правни принципи, законски нормативи и правила. Имаме именувања на функции надвор од сите законски норми, свесно кршење на законот формирајќи една пракса на таканаречено затруено дрво, каде еден лош преседан води кон друг уште полош и незаконски. Неизвесноста се зголемува, а несигурноста во бизнисот, на работа, во секојдневието се мултиплицира. И кога можеа тоа да го направат за само стотина дена, можете да замислите како би изгледало ако се дозволи тоа да се прави една, две или повеќе години. Велат зборот бил збор, но зборот не вреди ништо без делата. Нивните зборови без акција се атентатори на идеализмот, говореше претседателот на САД Хувер, изјави Груевски.

Груевски порача дека на Македонија и се потребни дела. А веќе е проверено дека кога станува збор за дела, за работа, за решавање на прашањата кои се важни за народот, одговорот е ВМРО –ДПМНЕ, кажа лидерот на најбројната партија во Собранието.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува