Добивај вести на Viber
Градоначалникот на општина Центар изигрува жртва со цел да го скрие сопственото неработење, вели премиерот Никола Груевски, запрашан да ја коментира одлуката на Жерновски да не одобри објавување на новите Детални урбанистички планови во општината.
Премиерот само кратко го коментираше потегот на Жерновски, нарекувајќи го „игра на градоначалникот на Центар“.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска го потпиша решението за запирање на објавувањето на одлуката за донесувања на урбанистички план Градска четврт – локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало курило и Цвеќара и ДУП-от Тасино Чешмиче 1.
Решенијата Жерновски ги достави до претседавачот на Советот на општината и од овој момент почнува да тече рокот од 15 дена за закажување на нова седница на Советот на која спорните ДУП-ови повторно се ставаат на дневен ред.
(ФОТО) ВЕТО: Жерновски ги потпиша решенијата за запирање на објавата на ДУП-овите