Гугл ќе ви помага да ги избегнете дупките на патиштата
Објавено во: Стил 29 Август, 2015
Гугл развива нова паметна технологија, која ќе ги детектира дупките на патиштата и ќе ве насочува како да се движите за да ги избегнете.
Дупките ќе ги детектира со помош на специјални шок сензори, а локациите ќе се означуваат со помош на GPS и ќе се испраќаат до централен сервер. Од серверот пак, ќе ви стигаат информации кој алтернативен пат да го одберите.
Овие информации потоа ќе бидат испраќани до локалните власти за да се посочи на кои патишта им треба поправка.
Новата технологија прв пат ќе биде применета во САД.