27 Април, 2024
0.0387

Гуверенерката Бежовска се сретна со бугарскиот амбасадор Ангелов - економијата закрепнува од корона кризата

Објавено во: Финансии 07 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Бруто домашниот производ, во првата половина од оваа година, оствари раст којшто речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка, поттикнат и од кредитната поддршка од банкарскиот сектор. Се очекува натамошно постепено закрепнување на економијата, што во голема мерка ќе зависи од закрепнувањето на нашите најзначајни трговски партнери, што, пак, е условено главно од ризиците поврзани со епидемиолошката состојба. За ова било разговарано на работната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов и со генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Димитар Иванов. На средбата станало збор за општата економска состојба, како и за мерките коишто се преземаат за поттикнување на економската активност.

„Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека состојбите во македонската економија, како високо отворена економија, во голема мера зависат од движењата во еврозоната и  во Германија, којашто е наш главен трговски партнер. Со оглед на проекциите на ЕЦБ за нивно натамошно закрепнување, се очекува дека тоа позитивно ќе влијае и врз нашата економија. Гувернерката се осврна и на состојбата на македонската економија годинава, при што посочи дека олабавената монетарна политика придонесува за закрепнување на економијата. Во првата половина од оваа година е остварен раст од 5,2 отсто, што речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка (5,4 проценти). Согласно со последните макроекономски проекции, очекувањата се дека економската активност ќе се врати на преткризното ниво на почетокот на 2022 година“, се вели во соопштениетоп од Народната банка.

Во однос на монетарната политика во услови на пандемија, гувернерката посочила дека од особено значење за нејзиното олабавување е комфорното ниво на девизните резерви, а во тој контекст, и пристапот до девизна ликвидност овозможен за првпат преку репо-линијата одобрена од страна на Европската централна банка. Иако Народната банка немаше потреба од користење на средствата, сепак подготвеноста на Европската централна банка значително придонело за одржување на стабилноста на домашната валута при променливи пазарни движења во текот на здравствената криза.

„Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките на Народната банка овозможија намалување на цените на кредитите и постојан кредитен раст во текот на пандемијата. Банкарскиот сектор досега добро се справува со ризиците од пандемијата, за што говори и растот на депозитите и солидниот кредитен раст. Исто така, добрите остварувања на банките и претпазливите регулаторни барања во изминатиот период овозможуваат соодветна капитализираност на банкарскиот систем и негова подготвеност за справување со предизвиците и во следниот период. Постепеното закрепнување на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за одржување на макроекономската и финансиската стабилност и ги ублажува системските ризици. Сепак, неизвесниот карактер на корона-кризата наметнува потреба од постојана подготвеност и будно следење на состојбите, заради преземање соодветни мерки за справување со предизвиците“, се вели во соопштението од НБМ. 

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат