03 Мај, 2024
0.0245

Гувернерката за Еуростандард: Сопствениците знаеја за одлуката, комунициравме и со инвеститорот

Објавено во: Економија 23 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Јасно им укажувавме на сопствениците на сериозноста на состојбата во која се наоѓаше банката и инсистиравме на итна докапитализација, потенцирајќи дека ако не се случи докапитализацијата, Народната банка ќе нема друг избор освен преземање на најстрогата мерка – укинување на дозволата за основање и работење на банката, вели во интервју за Вечер, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Таа тврди дека сопствениците имале обврска за докапитализација во првата половина од годинава и покрај уплатата од 11 милиони евра минатата година, за да се одржат минималните законски барања.

Вели дека нема потешка одлука од одлуката за затворање на банка. 

„За жал, сопствениците не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година, ниту обезбедија издржано и реално решение за пренесување на сопственоста на инвеститор. Неисполнувањето на обврската за докапитализација заедно со поголемите загуби доведе до несолвентност на банката. Велам издржано и реално решение, бидејќи со оглед на финансиската состојба на Банката, издржано решение значеше и инвеститор кој би извршил брза докапитализација во обем и со динамика кои би овозможиле нејзина одржливост. А секако, за некој да биде сопственик на банка треба да мине и низ целосно документиран процес на оцена на соодветноста за акционер во согласност со критериумите дефинирани во Законот за банките, вели гувернерката.

Додава дека вложиле максимални напори, во согласност со законските прописи, да се изнајде поповолно решение, вклучително и преку интензивна комуникација со сопствениците, но и комуникација со потенцијалниот инвеститор посочен од нив. 

„На крајот мораше да се преземе ваквиот чекор, како што бара и Законот за банките. Впрочем, тој е и законска обврска, со чие почитување се заштитува банкарскиот систем, но клучно – се заштитуваат и депонентите и доверителите на конкретната банка, вели Ангеловска Бежоска.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија