Добивај вести на Viber
За излез од државата преку граничните премини „Богородица“ кон соседна Грција и „Табановце“ кон соседна Србија, возилата утрово чекаат по околу половина час од македонска страна. Според АМСМ, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, па од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.