26 Април, 2024
0.0362

Хаџи Мишев не се предава по одлуката на Судот за „Топлификација“

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Димитар Хаџи-Мишев, претседателот на Управниот одбор на „Топлификација“ тврди дека организирана група сака на сила да наметне стечај на компанијата на нелогична основа, односно како што вели тој, за долг од еден милион евра кон гасната централа ТЕ-ТО.

На рочиштето одржано во петокот, судот одлучи да се отвори стечајна постапка за Топлификација. Хаџи Мишев вели дека  судот претходно не донел решение и затоа ќе поднесат жалба. Предлогот за стечај стаса на 25 април годинава од друштвото Битар Холдингс Лимитед кој е доминантен сосптвеник на ТЕ-ТО. Во предстечајната псотапка имало едно рочиште на 18 октомври на кое Топлификација барала писемно решение. Без да го добие, на роочиштето на 2 ноември година стечајот е отворен. Хаџи Мишев е дециден дека има голем притисок.

- Се работи за побарување за еден милион евра. Ова е апсурдна ситуација ако треба да се отвори стечај за „Топлификација“, бидејќ кај нас не може ништо да се наплати. Целата методологија на процедурата е нестручна. Треба се да зависи од стечајот на ТЕ-ТО во моментопв. Ако тој се реши, ќе нема проблеми за нас. Овде очигледно некој некого притиска - вели Хаџи Мишев.

Инаку Топлификација поседува 10,8 отсто од Те- То, а главен акционер со 89,2 отсто е руски Битар Холдингс Лимитед. Тоа е истата компанија која поседува 16,6 отсто од акциите на Топлификација, а е и доминантен сопственик на Балкан енерџи груп, фирмата која ги снабдува скопјани со топлинска енергија.

Инаку Топлификација е еден од најголемите доверители во ТЕ-ТО, а со планот за реорганизација на централата друштвото на Хаџимишев ќе остане без парите затоа што долговите кон доверителите се бришат.

Македонска берза завчера времено го прекина тргувањето со акциите издадени од Топлификација АД Скопје во очекување друштвото да објави известување во врска со предлогот за отворање на стечајна постапка над Топлификација АД Скопје, за потоа истото да продолжи.

По официјалното решение, „Топлификација“ има можност да предложи реорганизација кон доверителите како последен чекор пред стечајната постапка.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра