02 Мај, 2024
0.1309

Хан ги убедува Австријците дека преговорите со Македонија се позитивни

Објавено во: Економија 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Започнувањето на преговорите за прием на Македонија и Албанија во ЕУ се позитивни за стабилноста на регионот, истакна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервјуто за австрискиот дневен весник „Тиролер тагесцајтунг“

Во јуни 2019 година, може да започнат разговорите за пристап со Албанија и Македонија. Сепак, мнозинството Австријци се против проширувањето на ЕУ. Како намерувате да ги убедите?, е едно од поставените прашања.

Спомените за економската и миграциската криза не можат да се избришат од нашите сеќавања. Мислењето е дека ќе биде подобро да не излегуваме од нашите рамки. Но, прашањето е дали сакаме да извезуваме стабилност или да внесуваме нестабилност. Особено Австријците имаат искуство со балканската војна, кога многу повеќе бегалци дојдоа во земјата отколку во 2015 година. Значи, во таа смисла, ЕУ треба во овие земји да извезе стабилност - безбедносна и економска - одговори Хан, кој и самиот е Австриец.

Многу од новите земји-членки сеуште не се прифатени во главите на многу Австријци како еднакви. Дали е премногу рано (за преговори)?

- Доколку Романија или Бугарија не беа членови, можеби долго време ќе изгубивме да ги интегрираме во демократското семејство - вели тој.

Европскиот комесар за проширување и соседска политика изјави дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго од претходно. Тој посочи дека ЕУ извлече поука од досегашните пристапни процеси.

– Квалитетот пред брзината, Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борба против корупцијата, наведе Хан.

Во преостанатиот дел од интервјуто Хан одговара на прашања поврзани со емигрантската криза и растечкиот популизам кај политичарите во Европа.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите