ХАН ВО СКОПЈЕ: Ќе има ли нови ветувања од европскиот комесар за Македонија
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019
Во земјава денеска престојува еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.
Јоханес Хан ќе има средба а потоа и заедничко обраќање пред јавноста заедно со премиерот Зоран Заев.
Средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници а според најавата терминот е 9,15 часот.
Хан и Заев ќе разговараат за реформите кои се однесуваат на евроинтегративните процеси на Македонија а какви пораки и ветувања ќе и даде овој пат Хан на Македонија ќе слушнеме по средбата.