Хаос во Кавадарци со натрупани долгови на граѓаните за вода, Јанчев дава олеснувања
Објавено во: Економија 28 Септември, 2018
Сите граѓани на Кавадарци кои имаат долг кон ЈП Комуналец за сметки за вода и комуналии ќе бидат ослободени од плаќање камата и нотарски трошоци.
Исто така ќе им се овозможи долгот да го платат до 20 рати. Ваква одлука донесе на вчерашната седница кавадаречкиот совет.
Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека јавното претпријатие од 2010 до 2018 година има поднесно 17.095 тужби по основ на застарен долг. Долгот од граѓаните е 109 милиони денари, а по утужувањето платен е половина од долгот.
-По основ на нотарски трошоци граѓаните треба да платат 11 милиони денари. Бидејќи тоа е голем проблем ја носиме оваа одлука. Ќе се ослободат од камата и нотарски трошоци. Ќе им биде понуден договор за плаќање на долгот до 20 рати, но задолжително ќе треба да се плаќаат и новите сметки, рече Јанчев.