Хаос во Шри Ланка: Убиено семејството кое ги постави експлозивите во црквите
Објавено во: Свет 28 Април, 2019
Полицијата на Шри Ланка по борбите со екстремистите кои активираа експлозив на католички Велигден од кои настрадаа 250 луѓе во црквите и хотелите соопшти дека се пронајдени 15 безживотни тела, но меѓу истите се и мртвите трупови на жените и децата на исламистите. Истите се криеле во скривница.
По престреката имало и експлозија, а безбедносните служби нашле поголемо количество експлозив и дрон камера.
Меѓу убиените се и лидерите на операцијата - браќата Зари Хашим и Рилуан Хашим, како и нивниот татко Мохамад Хашим. Претходно од нив имало објавено видео на социјалните мрежи на кое повикуваат на тотална војна против „неверниците“.
“Досега од групата екстремисти имаме 5 или 6 убиени. Сметаме дека ќе бидат 6, затоа што еден од нив го елиминиравме додека пукаше кон нашите сили. Двајца се разнесоа себеси надвор од скривницата. Уште 3 лица ги загубија животите во уште една самоубиствена експлозија внатре во скривалиштето” – оцени генерал-мајорот Аруна Јајасекера.