26 Април, 2024
0.0274

Харадинај излезе од Црната листа на Америка

Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај очигледно повеќе не е на црната листа на Америка бидејќи успеал да добие виза за посета на САД. Харадинај при посетата на САД се сретнал со Меделин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД која ја одигра една од клучните улоги во прогласувањето на независност на Косово и одвојувањето од Србија која беше бомбардирана од НАТО. Таа служеше како државен секретар на САД во време кога Бил Клинтон беше претседател. 

На Медлин Олбрајт, Харадинај и искажал голема благодарност во име на сите косовари. 

Косовските медиуми во врска со визата што Харадинај ја добил во последен момент, оценуваат дека тоа се случило по менувањето на неговиот став околу Специјалниот суд, за кој претходно сметаше дека треба да биде укинат. 

Последните изјави на Харадинај беа во насока дека сепак Специјалниот суд треба да функционира. Улогата на овој суд е да ги процесуира сите дела сторени од поранешни припадници на ОВК поврзани со злосторства и злоупотреби. 

Минатиот месец одекна веста дека на Харадинај му било одбиено барањето за виза во САД. Неговиот кабинет ја демантираше информацијата, уверувајќи дека премиерот не добил одговор по барањето, а не дека истото било одбиено.

Инаку Србија и натаму на сила ја чува потерницата за апсење на Харадинај кого го сметаат за воен злосторник во војните од минатиот век.


Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син