Хегсет им се закани на Русите да ја завршат војната во Украина, инаку ќе следи одговор
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2025 21:06
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет се закани на Русија.
„Европските лидери испраќаат јасна порака до Русија дека сега е време да се стави крај на војната во Украина. Ако оваа војна не заврши, ако нема пат кон мир на краток рок, тогаш Соединетите Американски Држави, заедно со нашите сојузници, ќе преземат потребни чекори за да ѝ наметнат цена на Русија за нејзината континуирана агресија“, рече Хегсет.
Тој на оваа тема зборуваше на состанок во Брисел.
„Ако мора да го направиме овој чекор, Министерството за одбрана на САД е подготвено да го направи својот дел на начини на кои што само Соединетите Американски Држави можат“, објави тој.
Тој истакна дека САД го гледаат смртоносниот и способен НАТО под водство на Европа и украинската армија способна да се одбрани како најефикасно средство за одвраќање од руската агресија.
„Под цврстото водство на претседателот Трамп, а особено со нашите европски сојузници, ќе ја завршиме војната во Украина. Војната мора да заврши“, рече тој.
Хегсет ги повика сојузниците да ги зголемат инвестициите во програмата „Приоритетна листа на
барања за Украина“ (PURL), која ги замени донациите за оружје од САД за Украина и бара од
сојузниците да плаќаат за испораките на оружје од САД.
Војната почна на 24 февруари во 2022 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?




