28 Април, 2024
0.0264

Хербалајф поттикнува балансирана исхрана и здрав и активен начин на живот

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Хербалајф, глобалната компанија за исхрана, ја презентираше важноста на балансирана исхрана и активен и здрав начин на живот. На денешниот настан тие го покажаа нивниот глобален научен пристап во исхраната, кој ги промени животите на луѓето. Преку понуда на висококвалитетни производи, кои тие ги прикажаа денес, ги инспирираат луѓето да живеат здрав, активен живот.

Herbalife e oficijalen nutricionisticki sponzor na globalnata fudbalska zvezda Kristiano Ronaldo

Базирано на научен пристап, студии и посветени истражувања, како и позитивен став кон физичката активност, Хербалајф советува да останете здрави, полни со енергија и динамични, преку започнување на секој ден со здрав појадок, вежби и преку ова да ја остварите главната цел: Здрав и активен начин на живот. Компанијата нуди решенија за балансирана исхрана преку широка понуда на производи, вклучувајќи замени за оброци, протеински шејкови и ужини, додатоци во исхраната, специјализирана спортска линија, како и производи за лична нега. Поради ова, Хербалајф ја прослави својата 35 годишнина во 2015 година и денес работи во над 90 земји низ целиот свет.

Нина СебечиќЦрнолатац, Директор за Југоисточна Европа во Хербајалф изјави: „Горди сме да бидеме препознаени во Македонија како бренд на кој може да му се верува, кој им помага на луѓето на нивниот пат кон подобар, поактивен и здрав начин на живот. Нашите нутритивни производи и додатоци се развиени под надзор на научни лидери и се формулирани со витамини, минерали и други хранливи материи. Нашата Seed-to-Feed посветеност на квалитетот, осигурува дека ги тестираме производите од засадувањето на состојките, преку процесот на преработка во објектите на нашата компанија до дистрибуцијата, со цел да го обезбедиме квалитетот на сите производи на Хербалајф”.

Herbalife pottiknuva balansirana ishrana i zdrav i aktiven nacin na zivot_2

„Особено сме горди да кажеме дека над 200 милиони американски долари се инвестирани во квалитетот и науката на нашите нови објекти, во истражување и развој, во обезбедување на квалитетот, во безбедност на производите и нивна усогласеност, од 2013 до 2015 година. Овие факти нè прават нас и нашите производи веродостојни”, изјави Нина.

Поддршка на спортот и посветеност на општеството се исто така едни од клучните заложби на Хербалајф.

Компанијата Хербалајф ја поддржува HerbalifeFamilyFoundation – HFF (Хербалајф семејна фондација) и нејзината програма CasaHerbalife(Куќа Хербалајф), која помага кон обезбедување на добра исхрана за децата кои имаат потреба од тоа. Исто така, спонзорираме повеќе од 190 одлични атлети, тимови и настани низ светот, вклучувајќи ги и КристијаноРоналдо, тимот ЛА Галакси, како и шампиони во многу други спортови.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг