Херцег Нови бара сезонци
Објавено во: Финансии, Балкан 30 Мај, 2019
Од Бирото за работа во Херцег Нови велат дека угостителите и оваа година не можат да најдат добри келнери, готвачи, шанкери, собарки, чистачки.
И оваа година младите одат на Малта, дестинација која за работа е популарна последниве години.
Во меѓувреме во Херцег Нови ќе работат луѓе од опкружувањето.
На евиденција нема невработени кои би одговарале на профилите кои се бараат.
Од 19 келнери колку што се водат како невработени, повеќето се во шестата деценија од животот и тешко дека ќе се вработат. Повеќето од нив никогаш не работеле по струка.
Слично е и со 16 готвачи кои се пред пензија.
Келнерите заработуваат од 300 до 600 евра. За готвачите платите се од 800 до 1.500 евра. Во елитните ресторани може да се заработат и 2.000 евра.