19 Мај, 2024
0.0290

ХИРУРЗИТЕ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПРЕДУПРЕДИЈА-НЕМА ДА ОПЕРИРААТ НЕИТНИ ПАЦИЕНТИ: Директорот Костов вели има потреба од нив во ковид-центарот

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Хируршкиот колектив во ГОБ „8 Септември“ предупреди дека од понеделник нема да ги изведува закажаните неитни опереации, поради, како што денеска хирурзите наведуваат во отворено писмо упатено до директорот Христијан Костов, пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција бидејќи во болницата функционираат само две операциони сали од вкупно шест.

-Во болницата секојдневно функционираат само две хируршки сали дневно наместо полниот капацитет кој би бил шест сали во текот на денот. Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност, но истите или не се стигнати до директорот или директорот не ги спроведува ниту предложува други решенија. ГОБ „8 Септември“ е столб на здравството во државата. Во изминативе две години ние сме главен ковид-центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво, а за жал по некоја необјаснета логика ГОБ „8 Септември“ е сè уште на секундарно ниво. Поради сериозноста на ситуацијата, како предупредување и начин на алармирање за ситуацијата, наредната недела од 27 септември ќе биде прекинат селективниот хируршки програм во болницата, но поради нашите пациенти сите кои се во животозагрозувачка состојба ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Се надеваме дека ова наше барање ќе биде разгледано и постапено по истото, ако не од директорот на институцијата, тогаш од министерот за здравство или од претседателот на владата, наведува Хируршкиот колектив во писмото.

Истовремено, пак, директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов, за Фактор изјави дека со оглед на фактот што болницата, со одлука на Влада од март лани претставува најголем ковид-центар во Македонија, се извршуваат 10 до 15 хируршки зафати дневно. Освен тоа, како што посочува директрот Костов, голем дел од медицинскиот кадар е ангажиран во лекувањето на ковид-пациентите, особено анестезиолозите кои се најпотребни и во операционите сали.

-Ја разбирам потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија и секојдневно сум информиран за оперативниот програм во нашата установа. Меѓутоа согласно бројот на анестезиолози, земајќи го во предвид и бројот на оправдано отсутни, заради болест, нивниот ангажман во ковид одделенијата, редуцираниот број на хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на Ковид позитивни пациенти согласно препораките на Министерството за здравство во кои е потребен поголем број на медицински персонал, ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интевенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури). И овие интервенции се одвиваат без застој. Постои редукција на елективниот програм кој не само во нашата установа туку и секаде во светот е во слична состојба заради пандемијата (ангажирање на персонал за лекување  на приоритетните пациенти заболени од Ковид). Воедно би сакал да нагласам дека од колегите имаме потреба за помош во лекувањето на Ковид позитивните пациенти кои лежат во Ковид одделенијата, и ќе се вклучат во овој процес на лекување до периодот кога ќе се создадат услови за работа на хируршкиот колектив во полн капацитет, посочува директорот Костов.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“