19 Мај, 2024
0.0313

ХИРУРЗИТЕ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ СЕГА ОПЕРИРААТ ВО ТРИ САЛИ: Ангажиран е уште еден анестезиолог

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Наместо во две, сега хирузите од ГОБ „8 Септември“ по нивното предупредување преку отворено писмо дека нема да ги оперираат неитните пациенти, оперативните зафати ги изведуваат во три оперативни сали. Раководството на болницата за Фактор потврди дека поради помал број на анестезиолози кои се ангажирани околу лекувањето и третманот на болните од ковид, ангажиран е анестезиолог од Чаир.

Оттаму посочуваат дека ГОБ „8 Септември“ од март минатата година со Одлука на Владата е претворена во најголем Ковид Центар во Македонија која година и половина во континуитет хоспитализира, лечи и негува огромен број пациенти од целата држава.

-Во вакви вонредни околности, невозможно е да се очекува дека установата и сите нејзини оддели ќе функционираат на редовен начин, исто како што работеле пред претворање на ГОБ „8 Септември“ во Ковид центар. Напротив, сите наши напори се насочени првенствено кон помагање и лекување на животнозагрозените пациенти болни од смртоносниот вирус, ставајќи ги на располагање не само техничките и просторните, туку и кадровските капацитети на установата. Тоа подразбира, дека установата во целост, но и хирургија располага со помал број на анестезиолози и хирурзи, најпрво заради потребата тие да земат активно учество во Ковид центарот заедно со сите други колеги доктори, а второ, заради зголемениот број на отсуства кои се резултат на заболувања и кај медицинските лица. Постигнат е договор со посредство на Министерство за здравство за испраќање на еден анестезиолог во ГОБ 8ми Септември, со што се создаваат услови за зголемен обем на хируршки интервенции, вели директорот Христијан Костов.

Истовремено, Костов нагласува дека сиот изминат период, ГОБ „8 Септември“ ниту во еден момент не престана со изведување на операции кои биле загрожувачки за животот на граѓаните од државава - операции на малигноми и фрактури.


Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје