09 Октомври, 2024
0.0258

ХИТ ВИДЕО, ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ ДО СОЛЗИ: Eве како Русин пострижува коса

Објавено во: Стил 02 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Фризерот Данил Истомин од рускиот град Новосибирск стана популарен поради својата невообичаена метода на потстрижување.

Тој користи секира и притоа објаснува дека тоа е едноставна метода за која не е потребно ништо друго осен познавање геометрија.

Стекна популарност откако на телевизија беше прикажано видео во кое се гледа дека тој со секира потстрижува жена во ресторан.

Во својот салон има дрвена површина на која муштеријата ја става главата за да може тој да има подобар пристап до косата. По грубото потстрижување, Данил преминува на финеси и ја завршува фризурата користејќи спрејови и препарати како и „обичните“ фризери.

Данил не е првиот кој ја применува оваа застрашувачка техника на работа. Во текот на 30-те и 40-те години од минатиот век било сосема вообичаено косата да се крати со секира.