19 Мај, 2024
0.0350

Хоџа: Се наоѓаме во многу деликатен момент и потребно е да продолжи мнозинството

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Покажавме дека мнозинството е стабилно и дека треба да продолжи, вели Аријанит Хоџа од БЕСА по средбата во Владата, со премиерот Зоран Заев кој синоќа си поднесе оставка. 

Вели дека процесите што би воделе до избори би биле тешки за економската и друга состојба во државата. 

„Коалицијата има мандат од пред една година и легитимитетот од последните парламентарни избори е доволен да се продолжи и да се оствари тоа што сме го презеле како одговорност. Се наоѓаме во многу деликатен момент и потребно е да продолжи мнозинството“, рече Хоџа. 

За оставката на Заев, Хоџа вели дека како коалициони партнери нормално дека не се согласуваат со неа, но тоа е личен чин и став на премиерот и тој ќе одлучи на крајот. 

Вицепремиерот Артан Груби вели дека тие дале недвосмислена поддршка за коалицијата и за продолжување на реформската агенда на Владата.

ДОМ, ЛДП, НСДП и ДПА остануваат во владејачката коалиција, соопштија лидерите на овие партии. Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на Заев. Костовски апелира до сите социјалдемократи во државата за безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во партијата.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево