Холандските пратеници кажаа „не“ на бурките
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2016
Холандските пратеници ја изгласаа со мнозинство делумната забрана на бурка на некои јавни места како училишта и болници.
„Законот е усвоен"- изјави претседателот на Долниот дом на парламентот, Хадиџа Ариб. Одредбата вклучува носење на бурка, која го покрива телото и лицето, и ниџаб, кој го покрива телото и лицето, но остава процеп за очите.
Законот кој беше усвоен со големо мнозинство мора да биде одобрен и од горниот дом на Парламентот пред да стапи на сила.
Анализите покажуваат дека само неколку стотини жени во Холандија носат ниџаб или бурка. Законот не предвидува целосна забрана, туку ќе се однесува само на забрана за носење бурка или ниџаб во јавниот превоз, образовните институции, болниците и во владините згради.