13 Мај, 2024
0.0782

Холанѓани ќе садат цреши во јужна Македонија

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Холандската фирма „Инофрут“ ќе инвестира  во земјава и ќе отвори 130 работни места. 

Заменик министерот за земјоделство,  Ванчо Костадиновски и претставникот од компанијата,  Стефани Тиморс денеска ги соопштија деталите за инвестицијата. 

Костадиновски кажа дека со компанијата повеќе од 8 месеци биле во преговори. Од повеќе земји во регионот тие решиле да инвестираат во Македонија. Активностите на терен ќе има веќе идниот месец кога ќе бидат засадени првите насади на сортни цреши. Вкупната површина која ќе ја обработува компанијата е 250 хектари.

„Инвестицијата е преку превземање на стечајниот имот на загубарот, комбинатот „Агро-лозар“ од Богданци. Со превземањето на стечајниот имот, тие се во позиција да склучат договор со МЗШВ и да се обврзат да инвестицираат во јужниот дел на Македонија, поточно во општина Дојран и општина Богданци преку започнување на активности за примарно производство на долгогодишни овошни насади таму каде што оваа компанија има навистина огромно искуство. Преку воведување најнови технологии за производство на цреши, рана и доцна, производство на трпезно грозје со најсовремени сорти и технологија која оваа компанија ја применува“ - кажа Костадиновски.

Инвестицијата ќе биде меѓу 9 и 10 милиони евра.

Оваа холандска компанија има свои капацитети во Јужна Африка и Етиопија каде со 350 вработени ги остваруваат своите активности, односно ги прибираат своите производи и ги дистрибуираат во целиот свет. Најзастапени се на пазарите во Европска Унија, Средниот Исток и на пазарите надвор од ЕУ, САД, Јужна Америка. 

Тиморс од менаџментот на холандската компанија посочи дека речиси две години го истражувале пазарот за овошје и зеленчук на Балканот и се одлучиле нивната инвестиција да ја започнат во Македонија поради поволноста на климата. 

„Во првата фаза ќе обработуваме 55 хектари, а во меѓувреме ќе ги испитуваме водата и почвата какви култури може да се одгледуваат во останатите парцели. Планираме и 130 вработувања, од кои дел привремени, дел на неопределен рок. Очекуваме да почнеме со производство што поскоро и се надеваме на одлична соработка со локалните производители“ - кажа Тиморс.

„Инофрут“ работи 16 години, дистрибуира овошје на речиси сите надворешни пазари, а од пред три години се занимава и со производство. 



Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра