Добивај вести на Viber
Надлежните институции во земјава да се ангажираат за да ги стимулираат нискобуџетните авиокомпании да воведат летови и од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, бара Здружението на хотелиери на Македонија - ХОТАМ.
„Нашето барање до советите на општините Струга и Охрид и до надлежните институции изминативе години е со нискобуџетните авиокомпании, кои работат во Македонија, да се продолжат преговорите за минимум два лета неделно до која било европска дестинација да бидат од Охрид. Со тоа ќе добиеме сите многу, аеродромот ќе добие работа, но и хотелското и приватното сместување и индивидуалците ќе имаат поголема можност сами да си склопуваат аранжмани“, вели претседателот на ХОТАМ Дончо Танески за
ТВ Сител.
Хотелиерите бараат две од 14-те дестинации кои се опслужуваат со нискобуџетни комапнии од Скопје да ги продолжат летовите до Охрид. Туристичките работници од Струга, пак, забележуваат дека струшката ривиера не е доволно промовирана како туристичка дестинација ако се спореди со Охрид.