16 Јануари, 2025
0.0380

Ховит: ЕУ и меѓународната заедница нема да поддржат одложување на изборите

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите ќе биде објавен кон крајот на месецот, изјави денеска во Скопје европратеникот Ричард Ховит. 

Тој  се збогува со Македонија, земја за која беше известувач, а за извештајот вели дека ќе бида објавен навреме. За тоа дали е можно повторно одложување на изборите, Ховит рече дека договорот треба да се почитува.

„Европската Унија и меѓународната заедница нема да го поддржат одложувањето на изборите. Треба да се почитува тоа што е договорено“ – рече Ховит.

Во врска со изборите и со одредениот датум, 11 декември, Ховит истакна дека политичките партии се тие што го одредуваат датумот, а граѓаните ја носат одлуката.

Датумот на изборите, според него, не треба да биде издвоен од квалитетот на изборите, односно тие треба да одат во пакет. Додаде  дека ЕУ, ОБСЕ и претставници од меѓународната заедница ќе ги следат изборите.

Во однос на можните последици од одложувањето на изборите, тој кажа дека тие веќе се присутни и се чувствуваат.

„Последиците од ЕУ веќе постојат, ние не сакаме да се закануваме, но средствата од претпристапните фондови се повлечени, безусловната порака веќе е условена, а таква најверојатно ќе биде и оваа. Очекувам изборите да бидат на 11 декември и да бидат вистински одраз на волјата на народот“ - вели Ховит.

Тој истакна дека за време на својата посета имал средби со политичари, претставници од граѓанските организации и со специјалната обвинителка, Катица Јанева. Тој ја повтори поддршката на ЕУ за СЈО и за тимот на Јанева и порача дека не треба да се врши притисок врз нејзиното работење.




Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката