Ховит се сретна со Јанева во силно обезбедена просторија
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
Европратеникот Ричард Ховит кој е во посета на Македонија, денеска се сретна со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, сподели тој на Твитер.
- Се сретнав со специјалната обвинителка и бев во силно обезбедената просторија каде што материјалите од прислушувањето безбедно се чуваат, напиша на Твитер профилот Ховит.
Инаку британскиот европратеник вчера присуствуваше и на 20-тиот конгрес на опозициската СДСМ. Ховит истакна дека скандалот со прислушувањето ја загрозил демократијата во земјата и дека сите злоупотреби треба да бидат истражени. Тој додаде дека сите партии треба да се држат до обврските кои произлегуваат од Пржинскиот договор.
– Овие избори исто така ќе покажат дали Македонија е за демократија, транспарентност и за владеење на правото. Заедно со моите колеги од Европскиот парламент и медијаторите од другите групи кои се поврзани и со останатите партии во земјата, велиме дека овие избори мора да понудат вистински избор и да овозможат вистинска промена на моќ – доколку тоа е волјата на јавноста Зоран, Радмила, ви честитам на вашето лидерство за време на кризата во Македонија. Вие донесовте боја во македонската политика, рече Ховит.