20 Декември, 2025
0.0638

Хронично болните кои ќе останат дома нема да земаат цела плата, ќе се водат дека се на боледување

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020 10:41

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ќе се сретне со повеќе здруженија во кои членуваат хронично болни пациенти. Со здруженијата: Борка, Живот со предизвици, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, Пеперутка и Алијанса на Пациентски Организации – АПО, министерот ќе разговара за предлозите кои ги имаат овие здруженија во врска со препораката на Комисијата на заразни болести за враќање на дел од хронично болните на работа, а во интерес на подобро услогласување на критериумите под кои ќе се спроведува одлуката. 

Во изјава за ТВ Сител, министерот Филипче вели дека драстично ќе се скрати бројот на луѓето кои до сега седеа дома.

-Досега сите кои ја користеа мерката земаа цела плата, а од понеделник ќе се водат на боледување и ќе добиваат помалку пари. Пациентите кои имаа важечки боледувања по сегашниот систем можат да ги продолжат боледувањата без да доаѓаат на преглед. А за новиот систем за да се добие боледување кое важи подолго време да закажат специјалистички термин ќе пуштиме повеќе термини и Е амбуланта. Специјалистот ќе процени дали физички да дојде пациентот или може да се процени по документација и да се даде подолго боледување“, изјави Филипче за ТВ Сител.

Инаку, тој претходно го појасни предлогот на Комисијата согласно кој пациентите коишто имаат дијагноза хронична болест и оние коишто имаат малигни болести треба да се вратат на своите работни места, нагласувајчи дека ова нема да важи за оние пациенти кај коишто лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба на влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман, а претставува и дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Воедно, Филипче информираше дека соодветната проценка за здравствената состојба на пациентот треба да ја направат лекарите специјалисти, врз основа на нивната стручност и експертиза. 

Во оваа насока, епидемиологот д-р. Александар Стојанов, кој е член на Комисијата за заразни болести во изјава за Фактор претходно посочи дека сега прва работа што треба да направат хронично болните е да се јават кај својот матичен лекар и земат упат за на специјалист.

-Луѓето кои имаа хронични болести сега треба да се јавата кај своите матични лекари и да ги упатат не специјалистички прегледи. Секако дека бубрежно болните треба да одат на контрола кај нефролог, пациентите со хронични срцеви заболувања да се јават на кардиолог, оние со покачен шеќер да извршат контролен преглед кај ендокринолог и така натаму. Специјалистичкиот преглед ќе утврди дали дел од оние кои до сега беа ослободени од работа ќе може без никакви проблеми да си се вратат на своите работни места. Досега имаше и злоупотреби, дел од нив, се правеа само не седеа дома. Истераа и годишни одмори и прослави и разни собирања, така што сега е време да си почнат со работа, изјави вчера за Фактор д-р. Стојанов. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти