20 Декември, 2025
0.0625

Хрватите загрижени, ќе треба и тие да плаќаат за Грција

Објавено во: Балкан 23 Август, 2013 21:14

Добивај вести на Viber

На Грција ќе и требаат нови милијарди евра помош за излез од кризата, а во спасувањето на оваа земја за прв пат ќе учествуваат и хрватските даночни обврзници, пишуваат хрватските портали. Осврнувајќи се на тврдењата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој призна дека на Грција во 2015 година ќе и треба  дополнителна помош, што делумно ќе се финансира од буџетот на Европската унија. „Помошта ќе оди од буџетот на ЕУ, тоа е единствената преостаната опција. Нови кредити не доаѓаат во предвид затоа што уште повеќе би го зголемиле високиот грчки јавен долг”, изјавил за весникот Zedeutsche Zeitung извор близок до германската влада. Ако третата помош за Грција изнесува 11 милијарди евра, и доколку целосно се финансира од буџетот на ЕУ, тогаш хрватските даночни обврзници ќе треба да платат 37 милиони евра, пишува Вечерњи лист. Хрватска во вкупниот БДП и буџет на ЕУ учествува со 0,34%, а секоја земја во помош учествува со големината на својот удел во вкупната економија на Унијата. Кога помошта биде 11 милијарди евра, како што се шпекулира, најголем дел од парите ќе ги даде Германија, три милијарди евра, која во буџетот учествува со 28%.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација