29 Април, 2024
0.0261

Хрватска донесе одлуки кои ги засегаат Македонците кои планираат да работат кај нив

Објавено во: Економија, Балкан 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Нови услови ќе има за сите Македонци кои планираат наскоро да работат во Хрватска. 

Земјата ќе го либерализира увозот на работна сила од трети земји.

Од 2021 година би требало да има две значајни промени: намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави односно земји што не се членки на Европската Унија.

Тие промени требаа да стапат во сила годинава, но беше покрената процедура за измена на Законот на странци, а новиот предлог закон вчера е испратен на усвојување во Саборот.

Синдикатите предупредуваат дека со целосната либерализација ќе се предизвика дополнителен притисок врз намалување на цената на трудот.

Сега се предлага од следната година да нема квоти за увоз на работници, туку работодавачите пред да ангажираат странски работници ќе треба да побараат од Хрваскиот завод за вработување (ХЗЗ) да спроведе истражување на пазарот на трудот. Ако се покаже дека нема невработени лица во Хрватска кои ги исполнуваат барањата на работодавачите, фирмата ќе треба да поднесе барање за издавање на дозволи за престој и работа од Минстерството за внатрешни работи, кое по службена должност ќе бара мислење од ХЗЗ.

Земјата во екот на туристичката сезона побарува и до 20.000 работници од странство. 

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто