18 Мај, 2024
0.0268

Хрватска е подготвена да им помогне на Србија и Босна за ЕУ

Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Хрватска е подготвена да им помага на своите соседи Србија и Босна и Херцеговина на патот кон Европската унија. 

Ова го изјавил заменик-министерот за надворешни работи на земјата, Гордан Бакота. 

„Сметаме дека српско-хрватските односи се многу важни, не само за двете земји, но и за стабилноста на Југоисточна Европа, во тоа нема сомнение“, посочи тој. 

Дипломатот исто така изјави дека таква помош Загреб сака да и даде и на Босна и Херцеговина со почитување на територијалниот интегритет на земјата и целосна рамноправност на трите народи во неа. 

На прашањето дали може да даде проценка на дипломатските односи меѓу Загреб и Белград Бакота изјавил дека „во Србија во моментов е предизборен период и ние се обидуваме да ги намалиме тензиите во односите, не одговараме на одделни апликации. Сакаме да имаме и имаме канали за дијалог со официјален Белград“, рекол тој, цитиран од агенциите. 

Претходно министерот за надворешни работи на Хрватска Давор Иво Штиер изјавил дека неговата земја има интерес во тоа да ги развива односите со Србија, но тоа е невозможно да се оствари со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. 

За оваа причина, според него, каналот за комуникација помеѓу двете држави се одржува од премиерите Андреј Пленковиќ и Александар Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа