20 Декември, 2025
0.4227

Хрватска народна банка: Cе затвораат филијали, а никнуваат повеќе банкомати

Објавено во: Балкан 23 Август, 2013 12:14

Добивај вести на Viber

Банките во Хрватска минатата година, трета по ред, под влијание на неповолното економско движење, го намалуваат бројот на филијали, бројот на вработени, додека расте бројот на поставени банкомати, објави Хрватската народна банка (ХНБ) во најновиот Билтен за банките, пренесуваат хрватските медиуми. „Во услови на продолжување на неповолни економски движења, банките и понатаму ги намалуваат општите трошоци на работењето, што вклучува трошоци за вработените и каналите за дистрибуција. Со тоа банките се обидуваат да го ублажат негативниот притисок врз профитабилноста” -  се наведува во соопштението на ХНБ. Во последните три години, во Хрватска се затворени 43 филијали и сега нивниот број е 1.254. Со намалувањето на филијалите се намалувал и бројот на вработени во хрватските банки. Во 2012 година бројот на вработени опаднал за 1% или 226 вработени. На крајот на 2012 година, во банките работеле вкупно 21.639 вработени. За разлика од бројот на филијали, бројот на поставени банкомати се зголемува, па на крајот на 2012 година нивниот број изнесувал 4.083, што е за 2,7% повеќе во однос на истиот период една година претходно. Од вкупниот број, 77% банкомати се на големите банки, а четири мали банки воопшто немаат банкомати.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација