20 Декември, 2025
0.3136

Хрватска: Поранешната уредничка Чуљак обвинета за корупција

Објавено во: Балкан 29 Август, 2013 13:55

Добивај вести на Viber

Обвинителството во Загреб покрена обвинение против поранешната телевизиска водителка и уредничка на ХТВ Диана Чуљак, нејзиниот поранешен сопруг Владимир Шелебај и четири други лица за проневера на милиони куни од продуцентските компании „Кор Медиа“ и „Медиа Спорт“  од 2004 до 2008 година, пренесува БТА.

Обвинителството наведува дека Шелебај, Чуљак и едно друго лице потпишале договор за тајна компанија во 2004 година, со цел да ја прикријат вистинската сопственичка структура и меѓусебно го поделиле профитот. Шелебај и Чуљак заедно со компанијата „Кор Медиа“, истовремено управувале и со „Медиа Спорт“.

Тие се договориле со едно лице да издаваат фиктивни фактури на овие компании со провизија од 5 до 7 проценти. Меѓу 2007 и 2008 година поранешната семејна двојка се договориле со две други лица да најдат компании на кои ќе им доставуваат фиктивни фактури за провизија од 5 отсто.

Групата е обвинета за злоупотреба и оштета на државниот буџет, злоупотреба на службена позиција и економски криминал. Чуљак, исто така, е обвинета и за обид за поткуп на сведок.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација