Хрватскиот банкарски сектор со добивка од 41,5 проценти помала од лани
Објавено во: Балкан 20 Август, 2013 13:40
Првата половина од оваа година хрватскиот банкарски сектор ја заврши со 1,26 милијарди куни (170 милиони евра) добивка пред оданочување, што е за 41,5 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.
Според податоците на Хрватската национална банка, која вчера ги објави своите привремени неревидирани податоци за работењето на кредитните институции во првата половина од година, најголемиот дел од остварената добивка во банкарскиот сектор се однесува на пет големи банки.
Како и до сега, најголема добивка има „Привредна банка“ со 583,59 милиони куни и „Загребачка банка“ со 476,1 милиони куни, јавуваат хрватските медиуми.
Следи „Ерсте банка“ со 152,86 милиони куни, „Рајфаизен банка“ со 71 милион куни и „Хипо Адриа банк“ со 35,43 милиони куни.
Вкупната добивка на банките во минатата година пред оданочувањето изнесувала 3,39 милијарди куни, што е за 28 проценти помалку во однос на 2011 година.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




