18 Мај, 2024
0.0268

Huawei ја достигна втората позиција со продажба на паметни телефони во глобални рамки, а локалниот пазар порасна за 43%

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Глобалниот технолошки гигант, Huawei рапидно ја зголемува продажбата на паметни телефони и се искачи на второто место во однос на пазарниот удел за паметни телефони во светски рамки. Според податоците од International Data Corporation (IDC) глобалниот аналитичар на пазарни информации за телекомуникации и информатичката технологија, скокот на второто место е забележан во вториот квартал од 2018 година.

Од анализите на IDC, во вториот квартал од 2018 година компанијата продаде 54,2 милиони мобилни телефони, што доведе до ново рекорднопазарно учество од 15,8% за Huawei. Покрај импресивните глобални индикатори, на локалниот, македонскиот пазар Huaweiво првата половина од 2018 година оствари раст од 43% во однос на продадените уреди, споредено со истиот период во 2017 година(според сопствените податоци на Huawei). Овој раст е главно благодарение на новите модели P20 и P20 Pro, при што вториот продолжува да ја води класификацијата на DxOMark со своите фотографски способности, а во исто време камерата P20 Pro беше прогласена за мобилна камера на годината, во светски рамки од страна на престижната фотографска асоцијација TIPA (TechnicalImagePressAssociation).

Континуираниот раст и продорот на нови пазари колку што е одличен толку е и очекуван и доаѓа како резултат на нашата цел, не да ги следиме туку да ги диктираме иновациите на пазарот и со тоа да се наметнеме како бренд којшто може секогаш соодветно да одговори на растечката потреба и побарувачка од потрошувачите. Покрај новите модели паметни телефони, со напредни перформанси што претставуваат револуција во смарфоните и нивната функција, Huawei паралелно се шири на сите пазари што исто така придонесе за новата позиција во светски рамки“, изјавија претставници од компанијата.

Huawei како глобален технолошки гигант во своето портфолио покрива паметни телефони, персонални компјутери и таблети, преносни и облак услуги и слично.Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од една третина од светската популација. Компанијата има воспоставено шеснаесет центри за истражување и развој распоредени во САД, Германија, Финска, Шведска, Русија, Индија и Кина. Глобалната мрежа на Huawei е изградена на повеќе од 20 години стручност во телекомуникациската индустријата и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања за потрошувачите од целиот свет.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата