30 Ноември, 2024
0.0290

ХУМАНИ ЛИ СЕ ГРАЃАНИТЕ: Колку храна донираа за Нова година за сиромашните?

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

За празниците граѓаните имаа можност храната која ќе им остане да ја донираат за социјално загрозените граѓани, кои и онака не можат да си дозволат да имаат богата трпеза.

За време на Новогодишните празници, нѐ контактираа и донираа само 12 домаќинства со вкупна донација од 52 килограми храна, велат од Здружението Љубезност.

Од истата направивме комбинација на оброци за 43 лица (бездомници и сиромашни), додава Тони Станковски, претседател на Љубезност.

„Во однос на лани и пред минатата година, најмала количина на храна собравме и поделивме овојпат. Пред две години имавме објава само на ФБ и собравме поголема количина на храна, овојпат покрај ФБ имавме и објави на национална телевизија во дневните информативни програми, но исходот беше многу послаб. Од она што можевме да го забележиме дека градот беше празен, а тоа можеше да се воочи и на 3 јануари. Многу од граѓаните ги имаа споено Новогодишните со Божиќните празници. Покрај Новогодишните празници, ние како здружение и во текот на целата година подигнуваме и делиме вишок на храна два пати седмично, односно во вторник и ја дистрибуираме храната веднаш до крајните корисници и во петок, којашто е наменета како надополнување на зготвената храна која ја делиме на бездомниците во саботите. Засега немаме услови и можности тоа да го правиме и во останатите денови“, вели тој.

Донираа жители на Скопје, а се планира да се прошири акцијата и во други градови. Таргетирана беше и Струмица, но немаше некој одзив. Мрежата на градови ќе се прошири во иднина. За празниците донирале граѓани од средна класа и оние кои се помоќни финансиски.

Во Македонија преку кампањи се подига свеста дека многу храна се фрла, а истата може да заврши на нечија трпеза.

Франција е на прво место во светот по одржливата политика за храна. Во 2016 година Франција стана првата земја во светот која од супермаркетите побара непродадената храна да ја донираат во добротворни организации, а рестораните да ја спакуваат непродадената храна во кеси кога и да биде побарано од нив доколку не сакаат да плаќаат казни високи до 75.000 евра и две години затворска казна.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИЗГУБИ ДЕТЕ ВО ЧАИР: Последен пат видено кај Мараш Донер

СЕ ИЗГУБИ ДЕТЕ ВО ЧАИР: Последен пат видено кај Мараш Донер

ЗАГЛАВИ КАМИОН НА СТРАЖА: Возачот монтираше ланци на патот

ЗАГЛАВИ КАМИОН НА СТРАЖА: Возачот монтираше ланци на патот

ВАКВИОТ ЈАВЕН ЛИНЧ Е ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА НА МИНИСТЕРОТ ИЛИ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ: Се огласи Ефремов за најавата дека ќе биде казнет полицаецот кој го фрли албанското знаме

ВАКВИОТ ЈАВЕН ЛИНЧ Е ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА НА МИНИСТЕРОТ ИЛИ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ: Се огласи Ефремов за најавата дека ќе биде казнет полицаецот кој го фрли албанското знаме

ТЕШКО СЕ ВОЗИ КОН СТРАЖА: Еве каква е состојбата кон превојот

ТЕШКО СЕ ВОЗИ КОН СТРАЖА: Еве каква е состојбата кон превојот

ИСТУРА СНЕГ ВО ГОСТИВАР: Снежното невреме се поблизу до скопско

ИСТУРА СНЕГ ВО ГОСТИВАР: Снежното невреме се поблизу до скопско

ЕВЕ КАДЕ ВЕЌЕ Е НАТРУПАНО СО СНЕГ: Снежниот бран пристигна во Македонија

ЕВЕ КАДЕ ВЕЌЕ Е НАТРУПАНО СО СНЕГ: Снежниот бран пристигна во Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ФЕДЕРАЦИЈА, АМА НЕМА КОЈ ДА Ѝ КАЖЕ“: Ванковска распали за Гаши и неговиот став за палењето на знамето

„МАКЕДОНИЈА Е ФЕДЕРАЦИЈА, АМА НЕМА КОЈ ДА Ѝ КАЖЕ“: Ванковска распали за Гаши и неговиот став за палењето на знамето

„АЛБАНЦИТЕ ВО НЕДЕЛА ДА ИЗБЕГНУВААТ ДВИЖЕЊЕ НИЗ ЦЕНТАРОТ, ПОСТОИ РЕАЛНА МОЖНОСТ ДА БИДАТ НАПАДНАТИ“: Салиу со предупредување до Албанците но и до оние од Косово

„АЛБАНЦИТЕ ВО НЕДЕЛА ДА ИЗБЕГНУВААТ ДВИЖЕЊЕ НИЗ ЦЕНТАРОТ, ПОСТОИ РЕАЛНА МОЖНОСТ ДА БИДАТ НАПАДНАТИ“: Салиу со предупредување до Албанците но и до оние од Косово

НА ВОЗАЧИТЕ УТРИНАВА НЕ ИМ БЕШЕ ЛЕСНО: Тешко се возеше на превојот Стража, снегот убаво ги затрупал улиците

НА ВОЗАЧИТЕ УТРИНАВА НЕ ИМ БЕШЕ ЛЕСНО: Тешко се возеше на превојот Стража, снегот убаво ги затрупал улиците