19 Мај, 2024
0.0254

Хуманитарна акција на винарницата „Тиквеш“

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Прославата на 130 годишниот јубилеј на „Тиквеш“, која се совпадна со годинешниот Фестивал на младо вино, повторно доби и општествено одговорна димензија. На настанот, „Тиквеш“ ги мотивираше гостите да донираат со тоа што за секоја донација даде подарок младо вино. Собрани беа 130.000 денари кои „Тиквеш“ ќе ги удвои со свои средства. Целата сума од 260.000 ден. ќе биде наменета за набавка на опрема и реновирање на простории во дневните центри кои функционираат во рамки на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – ПОРАКА.

Со ова, „Тиквеш“ уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба да поттикнува и реализира проекти кои се во интерес на пошироката заедница.

tikves 4

„Среќни сме што успеавме да ги мотивираме нашите пријатели кои го посетија годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш“, заеднички да се вклучиме во оваа акција и преку оваа донација да собереме средства за реновирање на простории во дневните центри кои ги користат наши сограѓани ширум земјата. Горди сме што имаме можност да им обезбедиме поддршка на оние на кои таа им е најнеопходна. Тоа е дел од нашето наследство и традиција која се негува цели 130 години“, истакна генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Искажувајќи задоволство од резултатите од оваа активност на „Тиквеш“, Д-р Василка Димоска, програмски менаџер во РЦПЛИП-ПОРАКА, нагласи: „Тиквеш“ и љубителите на врвното вино покажаа висока свест за потребите на лицата со интелектуална попреченост. Со оваа донација значително ќе се унапредат условите за дневен престој на нашите корисници, со што директно се придонесува за нивна поефикасна едукација и социјализација“.

tikves 6

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е граѓанска организација која уште од 1963 година ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Македонија.

Винарската визба „Тиквеш“ е општествено одговорна компанија која, преку бројни проекти и донации, перманентно вложува во заедницата на која и припаѓа. Компанијата во континуитет обезбедува поддршка на значајни културно - уметнички манифестации, настани од едукативен карактер, како и хуманитарни активности.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата