09 Октомври, 2024
0.0241

ХУМАНИТАРНОТО ЗДРУЖЕНИЕ БИРА НОВИ СОРАБОТНИЦИ: Пејачи и актери ќе бидат амбасадори на „Проект среќа“

Објавено во: Стил 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Здружението„Проект Среќа“, чиј претседател е поп-пејачката и автор Кристина Арнаудова, избира четворица амбасадори на среќата, познати пејачи и актери кои интензивно ќе бидат вклучени во активностите на здружението.

„Ниекако здружение кое работи на тоа сите да имаат подобра иднина, а особено децата, затоа што без среќни деца нема среќна иднина, избираме четири јавни личности кои се познати по нивната позитивна енергија и желба да помогнат. Тие ќе станат наши амбасадори на среќата, и заедно со нас ќе помагаат секаде каде што треба да се подели среќа. На крајот на овој месец ќе ги објавиме нивните имиња на официјална прес конференција“, ни изјави Кристина Арнаудова.

По изборот на новите соработници, таа се надева на уште повеќе ангажмани и активности на хуманитарното здружение. „Проект среќа“ паралелно работи на два нови проекти. Едниот е „Здраво шампиони“, со кој обезбедуваат бесплатни членарини за спортски клубови за децата чии родители не можат да си ги дозволат, и бесплатна спортска опрема за истите деца. Другиот проект е „Среќно матуранти“,со кој обезбедуваат комплетен матурски стајлинг за сите матуранти, полуматуранти и апсолвенти кои тоа не можат да си го дозволат.