И Бонева се охрабри - падна оставка
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2017
Оставки денеска поднесоа членовите на ДИК од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.
Претходно, во текот на денот оставки поднесоа и Субхи Јакупи, предложен од ДУИ, и потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот Атанас Урумов, кои доаѓаат од редот на експертите.
Први на ваков чекор вчера се решија претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, кој беше од редот на експертите, и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.
Ова следи под притисок на јавноста поради бонусите кои си ги доделиле.