26 Април, 2024
0.0303

И делчевските тезги полупразни: Пазарџиите не знаат како ќе преживеат ако не се повлече законот

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Новиот закон ги остави полупразни и тезгите на градскиот пазар во Делчево. Пазарџиите во општината која стана „Гевгелија на Истокот“ не знаат што ќе прават и како ќе преживеат ако надлежните не го повлечат законот кој во главниот град на протести пред Собрание ги извади пазарџиите од зелените пазари.

Фотографиите кои до нашата редакција ги испратија револтирани граѓани од малото источно градче ја покажуваат вистинската слика.


-Ако власта не го повлече законот и не најде ново решение ние ќе излеземе на протести. Ова е удар по нашите џебови. Едвај преживуваме со цените па уште и за лиценци да плаќаме. Во ред е да се плаќа но некоја посимболична сума. Јас толку не можам да заработам месечно а не да платам за лиценца-вели средовечен продавач од Делчево.

Повозрасните пак се жалат за тоа што законот ќе ги спречи да заработат за парче леб.


-Пензиите ни се мали. Не можеме да излеземе на крај, а сега некој измислува закони со кои ние ќе трпиме за леб. Зошто никој нѐ дојде да не праша нас за овој закон дали се согласуваме? Не прашува ли нас власта како ги прехрануваме внуците и семејствата? Знаат ли дека живееме од ден за ден? - револтирани велат други пазарџии.

По протестот власта се попишмани и најави дека законските измени ќе се пролонгираат до 1 септември а до тогаш ќе бараат ново решение.

- Предлагаме негово одложување до 1 септември, а до тогаш ќе најдеме друго законско решение - рече пратеникот Горан Милевски.


Овој закон буквално е на штета на пазарџиите . Истиот предвидува хонорарци, пензионери и вработени да не смеат да продаваат да пазарите. Притоа, удар по џеб претставуваат и лиценците .

Продавачите на пазарите за тезгите ќе треба да платат по 60 евра за лиценца а за секоја наредна по 40 евра.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина