И дојде ред на Катица Јанева
Објавено во: Македонија 20 Август, 2019
До неодамна беше таа која сослушуваше и вршеше распит а денеска специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева ќе се најде од другата страна.
Јанева денес е повикана на распит во скопското обвинителство за случајот „Рекет“ .
Јавноста нејзиниот глас го слушна во аудио снимките на новинарот Ларис Гајсер кој од италијански медиуми постираше детали но и снимки поврзани со предметот во кој засега се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.
Сега Катица Јанева ќе се најде од другата страна и пред обвинителката Вилма Рускоска ќе треба да каже се што знае за случајот кој повеќе од месец дена ја тресе јавноста во земјава.