Добивај вести на Viber
Штрајкуваат судиите во Египтет. Револтирани поради указот на претседателот Мухамед Морси, со што тој се стекна со целосен имунитет од судско гонење, од Апелацискиот суд денеска соопштија дека прекинуваат со работа за сите слушаи освен за случаите поврзани со корупција и приватното право.
Штрајкот на египетските судии уследи по вчерашните демонстрации на 200 илјади луѓе во Каиро кои беа револтирани од указите на Морси, со кои си додели неограничени ингеренции во државата.