И големите плати се мотив за работа во невладини организации
Објавено во: Економија 09 Август, 2018
Мотив за работа во невладините организации во граѓанското општество, покрај борбата за правда, демократија, морал, социјална интеракција и др., може да се најде и во високите плати во однос на другите дејности, иако бројот на вработувања во овие здруженија, друштва, фондации, синдикати и др. се сведува главно на управители и секретари.
Сепак овие непрофитни организации според висината на годишните примања се на четвртото место, по компјутерџиите, вработените во телекомуникациските оператори и логистиката за рудници.