20 Декември, 2025
0.1091

И Хрватска ќе ја спасува Грција

Објавено во: Балкан 23 Август, 2013 12:38

Добивај вести на Viber

На Грција ќе ѝ бидат потребни нови милијарди евра помош, а во спасувањето на оваа земја првпат ќе учествуваат и хрватските даночни обврзници. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле призна дека на Грција во 2015 година ќе мора да ѝ се уплати и трета транша од помошта, а Зидојче цајтунг од извори блиски до министерот дознава дека грчките дубиози првпат, барем делумно, ќе бидат финансирани од буџетот на ЕУ, пренесува tportal.hr Помошта од буџетот на ЕУ е единствената преостаната опциј, а нов кредите не доаѓа во обзир, бидејки тоа уште повеќе ќе го зголемеи и така високиот грчки јавен долг, извил извор близок до германската Влада. Ако третата помош за Грција изнесува 11 милијарди евра и ако целата биде финансирана од буџетот на ЕУ, даночните обврзници на Хрватска во овој случај за спас на Грција ќе треба да платат 37,4 милиони евра, 280 милиони куни. Хрватска во вкупниот БДП и во буџетот на ЕУ учествува со околу 0,34 отсто, а секоја одделна земја во помошта учествува токму со големината на својот удел во вкупната економија на Унијата. Најмногу, 28 отсто, повторно ќе платат Германците, кои токму затоа и најмногу се бунат поради новата помош за Грција.   Германската јавност ја изненади признанието на Шојбле дека нова помош за Грција ќе биде неопходна, зашто за неговата шефица, канцеларката Ангела Меркел, „грчкото прашање“ е табу-тема за време на изборната кампања.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација