И Ким Џонг Ун тагува по Кастро
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2016
Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, упати писмо со сочувство за Фидел Кастро, предводникот на кубанската револуција кој вчера почина на 90 годишна возраст. Ким Џонг Ун вели дека Кастро му бил драг пријател и верен сојузник на севернокорејскиот народ со постојана поддршка за напорите на Северна Кореја на меѓународен план.
Куба и Северна Кореја се блиски сојузници уште од 60-тите години на минатиот век кога и се спротиставија на империстијалистичката политика на САД. Често Куба го снабдуваше режимот во Северна Кореја со оружје, како и неопходни производи. Инаку и двете земји се под остри меѓународни санкции.