26 Април, 2024
0.0287

И не е сѐ така црно

Објавено во: Економија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Последниов период стана ритуал во сите настапи, излагања да ги споменуваме ПИСА тестирањата и слабите резултати на нашите ученици. Тоа стана репер за сите состојби во образованието. Но, сепак слабите резултати на ПИСА тестирањето не значи дека сите наши ученици немаат добри резултати. Никој, во ниту еден контекст, не ги споменува нашите ученици кои победуваат, не само на државни, туку и на меѓународни натпревари. Никој не споменува дека наши студенти по четврти пат беа дел од глобалниот натпревар на НАСА, каде понудија решенија за некои од глобалните проблеми со кои се соочува Земјата и вселената. Никој не го го споменува неодамна одржаниот натпревар „Лидер на струка“на кој беа промовирани седумте најдобри ученици од средните стручни училишта во земјава, во седум сектори на квалификации. Можност за реалниот сектор да го вработи најдобриот креативен ученик кој би се надградувал во неговата компанија. Никој не го споменува првиот државен натпревар “Прва лего лига“ - над 100 деца се натпреваруваат со свои иновативни научно-технолошки решенија, што е добар показател дека нашите ученици се креативни и наставниците работат со нив.

Ниту учеството на меѓународните натпревари не е за потценување. Учениците од СОУ ,,Наум Наумовски Борче” од Крушево, годинава го освоија првото место на меѓународниот натпревар за гастрономија во Брач, Хрватска. Учениците од СУУГ ,,Лазар Танев” од Скопје, на интернационалниот гастрономски натпревар што се одржа во Штип, го освоија првото место за угостителско послужување ,,куќен сервис”, додека во Подгорица, Црна Гора, на натпреварот ,,Туристичка Пјаца” го освоија второто место за најдобра презентација на својата земја.

Минатата година, на 50 тата Меѓународна олимпијада по хемија, која се одржа во Братислава и во Прага, наши средношколци од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ и од приватното училиште „Јахја Кемал“ од Струга освоија бронзени медали, во конкуренција од 300 натпреварувачи од 76 земји од светот, како и учениците - информатичари на 11-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика, во Софија.

Бронзен медал за Македонија освои и средошколец од приватна гимназија „Јахја Кемал“ од Бутел на Европската олимпијада по физика која се одржа во Москва и на 49-тата Меѓународна олимпијада во Лисабон. Златен, сребрен и бронзен медал освоија македонски млади балерини од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ на традициониот меѓународeн балетски натпревар во Сараево.

Слични успеси бележиме и во високото образование. Тимот Space Divers, составен од студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, годинава, победи на балканскиот инженерски натпревар EBEC (European Best Engineering Competition) во категоријата Case Study (интензивна анализа која дава конкретно решение на некој технолошки или менаџерски проблем), со што ги отвори вратите за учество на европска финална рунда во Торино, Италија, која ќе се одржи во текот на летово. И вакви успешни приказни има многу, но никој не зборува за нив.

Значи, и не е се така црно во образованието. ПИСА резултатите само ни посочува од каде треба да почнеме кога зборуваме за квалитетно образование, имајќи на ум, дека има повеќе фактори кои влијаат сами за себе.

Реформи мора да има, но проблемите треба да се решаваат дел по дел, од темелот нагоре. Од предучилишното и основното образование, но со сериозни зафати, без импровизации, зафати кои можеби ќе бидат болни, но мора да се почне. Државата го бара тоа, економијата го бара тоа. Од образованието зависи и просперитетот на поединецот и иднината на државата.


Наташа Јаневска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто