И новата валута во слободен пад: Венецуела е на работ
Објавено во: Економија, Свет 22 Август, 2018
И новата валута на Венецуела не е стабилна. За само еден ден, суверен боливар изгуби дури 96 отсто од вредноста, објави Централната банка на Венецуела.
Оваа валута е ерзултат на политиката на банката која во обид да се справи со повеќегодишната криза, избриша пет нули од валутата и го постави курсот на 2,48 боливари за еден долар. Сепак, преку ноќ новата валута, наречена „суверен боливар“, падна на 68,65 за долар. Кон состојбата придонесоа и ограничувањата на повлекувањето пари од банките, при што секој граѓанин може да подигне само 10 од новите боливари.
Инаку Венецуела воедно најави дека „суверениот боливар“ ќе биде поврзан со нова крипто валута наречена петро, чија вредност, пак, ќе зависи од нафтените резерви на Венецуела.
Петрото се нуди по номинална вредност од 60 долари за еден петро, но САД забранија тргување со оваа крипто валута, а се уште е нејасно како таа ќе биде прифатена на светскиот пазар.